„Младеновиќ и трупата во длабокиот мрак наоѓаат зрак светло и го споделуваат со светот.“

Од изведбата на „Сонет 66“ на Битола Шекспир Фестивал, 25 јуни, 2018 Режија: Кокан Младеновиќ (Kokan Mladenovic) Игра: Csiky Gergely Hungarian State Theatre Timisoara “Tired with all these, for restful death I cry..." Шекспировиот Сонет број 66 е атипичен по својата конструкција. Повеќето негови сонети  најчесто имаат пресврт, од  темно на светло, со доза на надеж  во себе. Светогледот на Шекспир во овој сонет останува мрачен скоро до самиот крај.  Кокан Младеновиќ и Унгарскиот народен театар Цсики Гергели од Тимисоара…

„Де Бреа поставува специфична актерска игра која се темели на дистанца и дозирана емоција, така што публиката е свесна дека без разлика на недостигот од експресирана емоција, сепак таа ја има и е поблиска на секој од нас, што низ секојдневието се справува со предизвиците на животот.“

(За претставата „Крал Лир“ од Вилијам Шекспир, во режија на Диего Де Бреа, продукција на Турски театар – Скопје)             Колку и да е сложено читањето и/или поставувањето на Шекспир (а се смета повеќе за такво, отколку што е), секогаш треба да се знае основното, дека во секоја од неговите драми постои водечка емоција што тој ја прикажува преку драмата на централните ликови. Диего де Бреа е еден од ретките режисери кои во своите драматуршки интервенции го чита Шекспир на…

...„комплицирана за следење, дури и за возрасната публика која добро ги познава овие приказни. Неконзистентната употреба на раскажувачките реплики и промените во актерите кои го играат раскажувачот уште повеќе го комплицираат текот на настаните, затоа што така публиката губи едно од малубројните „сидра“ кои ги поврзуваат приказните.“

Осврт кон премиерата,  на 20.06.2018, во Скопје. Режија: Кренаре Невзати, продукција: Театар за деца и младинци - Скопје. Разговараат Атанас Димитров и Јована Ѓорѓиовска А: Сонот на Вилијам е храбра, но и проблематична претстава.  Умешноста во тоа да се изведе колаж е во тоа секое дело да ја покрие голотијата на тие кои зјаат околу него, а колажот да е повеќе од само сумата на своите делови. За текстови кои се „свети“  како тие на Шекспир, предизвикот е уште поголем…

„Во време кога речиси постојано се рециклираат истите театарски решенија и креативноста е сведена на ниво на безумно повторување и/или бомбардирање на сетилата на публиката, „Еднаш свет изградив“ храбро отвора низа важни прашања на начин разбирлив за младата публика. “

Кон „Еднаш свет изградив“, инспирирана од романот „Сидарта“ на Херман Хесе, изведена на 53тото издание на МТФ „Војдан Чернодрински“. Режија: Јане Спасиќ, продукција: Театар за деца и младинци - Скопје.   Оцена: 4.5/5   Како да се спакуваат една обемна егзистенцијална филозофија и универзалните шеми на семејно однесување во 90 минутно шармантно патување, допадливо за деца и младинци? Како публиката да почувствува дека времето овој пат решило да ги побие сите правила на физиката и вистински да застане, иако ликовите…

...„носи еден тон емоции - силни, лични, комплексни, преку одговорите на прашањата што сами на себе ги поставуваме и најтешко ги одговараме.“

(Кон претставата „Никој никогаш не ме праша“, колективна драматургија, режија Драгана Гунин; Продукција: Youthquake, МКЦ, 10.04.2018г.) На сцената три празни столици, купишта искината хартија и музика која треба да ни ги подготви сетилата за огромното емотивно празнење што ќе следува. Исклучително сензитивен наслов што проицира многу прашања, а притоа упатува кон сопствената потрага по она што се вика постоење. Вака некако би требало да почне рецензијата за претставата „Никој никогаш не праша“, колективно драматуршко дело и режија на Драгана Гунин,…

„Доколку ни е битен квалитетот во организација на фесивалот, ќе треба да поработиме на тоа да се искачуваме во нагорна линија.“

Македонски Театарски Фестивал „Војдан Чернодрински“ Прилеп Неподнослива е топлината кој мака мачи да издиши со порен дожд за да и олесни на земјата и на оние кои едвај го дишат воздухот газејќи на неа. Опколен со облци пристигнувам во градот каде се чествува името на првиот македонски драмски автор. Војдан Поп Георгиев - Чернодрински, оној Војдан кој имал доблест за себе да каже дека ништо не напишал. „Што напишав јас? -Ништо не напишав. Јас го препишав од се уште ненапишаната…

„...претставата се растегнува во непотребно долг временски простор. „Клетници“ станува визуелно и наративно бучна и недоволно самосвесна. “

Од изведбата на „Клетници“ на Народен Театар Прилеп на 09.06.2018, во режија на Мартин Кочовски. Виктор Иго најверојатно никогаш не претендирал „Клетници“ да биде лесно сварлива материја.  Текстот говори за згазените, за тие до кои сјајот на напредокот никогаш не допира. Ја обременува публиката со  сите злодела и несреќи во делото.  Оваа тежина е и предупредување за секој што сака да адаптира вакво дело– книгата може да се остави, но претставата мора да се одгледа во еден здив. Режисерот Мартин…

„Претстава која успева да ги разбуди сите сетила на гледачот, не оставајќи го да земе здив од динамичната размена на емоции.“

„Ајнштајновите соништа“ кои ги будат сите сетила во вистинско време Постои едно место на светот каде времето постојано се менува, се раѓа и по неколку часа умира, за одново да биде родено. Во театар, времето е кружно, времето е воден тек, тоа е видлива димензија која во исто време одговара и не одговара на реалноста, тоа е релативно, како една теорија која неуморно се докажува во секојдневието. Какво и да е, времето (во театарот) секогаш има причина за сопственото постоење.…

...„зборува за моралната корупција и лицемерието на луѓето кои се сметаат себеси за спасители, не забележувајќи дека се претвориле во агресори.“

ако во еден час и четириесет минути да го „спакуваш“ сиoт кич, апсурд, трагикомедија и бесцелност на една власт, која поведена од своето его и илузија дека е спасител на народот се дави во сопствениот... путер? Иако звучи како материјал за кој се потребни премногу време и труд за да се изнесе пред публиката и да не биде премногу за гледачот да го голтне тоа што му е сервирано, на независната театарска група Артопиа и режисерот Владимир Милчин им успеало…