„..Успешноста на една монодрама во голема мера зависи од способноста на актерот ДА БИДЕ вистински присутен на сцената, овде и сега“

Годинешното 24. издание на Интернационалниот фестивал на монодрама – Битола ги истражи многуте аспекти на популарната Хамлетовска дилема „да се биде или не“, со особен акцент на човечкото постоење што не остава простор за ништо друго освен „да се биде“. Монодрамата е театарска форма што, всушност, најдобро може да ја долови „суштината на она што значи да се биде жив“. Еден актер на сцената се соочува со љубопитните очи на гледачите, од кои секој има свои индивидуални очекувања за она…

„„Aftersun“ е мал, интимен филм кој успева да излезе од типичните стеги на филмовите кои се занимаваат со созревањето на нивните ликови и да внесе свежина во новиот бран независни филмови“

Кон „Aftersun“ во режија и сценарио на Шарлот Велс, кинематографија на Грегори Оке Врската помеѓу родител и нивното дете е доста комплицирана - базирана на чиста и некорумпирана љубов, но често компромитирана од различни битки во животот: траума, недоволни финансии, отсуство. Секако дека родителите го сакаат најдоброто за своите деца (што е општоприфатен наратив), но нивните постапки и несовршености оставаат длабока трага врз формативните години од развојот на нивните деца. Како што луѓето созреваат и работат на себе, тие почнуваат…

Минималистички експеримент: секој има(ше) право да одбере по само 1 дело и во максимум 10 зборови да срочи зошто баш тоа му оставило најголем впечаток во минатата година.

Во последниве неколку години, некако природно, ни стана традиција во декември да објавуваме новогодишни осврти кои содржат по минимум 3 филмски и/или театарски дела избрани од секој член на тимот, без никакви жанровски ограничувања или пак строго дефиниран број зборови кои треба/мора да ги исполниме. Годинава решивме да направиме две промени: 1) освртот да го објавиме во јануари (годината трае до 31 декември, нели :) ) и 2) да се обидеме со дијаметрално спротивен пристап. Па така, секој има(ше) право…

„Пред сѐ, филмот ги истражува условите под кои човекот станува животно и релативната баналност на криминалот таму каде што владее масовна рамнодушност“.

„Чудо“, второто поглавје од трилогијата долгометражни филмови на Богдан Џорџ Апетри, е филм кој е тежок за гледање, тежок за сумирање и тежок за критикување. Инспириран од Балзаковата „Човечка комедија“, Апетри раскажува три неповрзани приказни кои никогаш не се шират, но постојано се продлабочуваат. Дејството во оваа тмурна мешавина од жанрови се одвива во родното село на режисерот во Северна Романија, а е поделено на два дела. На почетокот, централен лик е Кристина (Јоана Бугарин) - деветнаесетгодишна калуѓерка-почетник која еден…

„„Што ќе речат луѓето“ е лесен за консумирање благодарение на динамиката, но тежок за дигестирање поради темата.“

Луѓето од Западниот свет секојдневно ги уживаат придобивките од развојот на технологијата, имаат право на избор, смеат да им се спротивстават на родителите, можат да се облекуваат како сакаат и да се бакнуваат со кого сакаат и каде сакаат. Ним им е тешко да си замислат дека таму некаде постои поинаков живот од нивниот. Живот во којшто последиците се брутални доколку не се почитуваат правилата на традицијата и семејните вредности. А тие се толку строги што честопати прекршуваат некои основни…

„This was not your average film festival - and I mean that with a heartful of complex emotions that had me first in awe, and literally bedridden at the end of it.“

I want to start by noting that this is not a review. If I were to write a review of the whole Ji.Hlava International Documentary Film Festival, it would be extremely biased since I don’t have anything to compare it to, in order to be more objective in my judgment. The emotional impact of the selection and its supporting programme in a year like 2022 took its toll as well, since you can’t just organize a festival without addressing the…

„Ансамблот и менторите Бузалковска и Степанулески свесно ги отфрлаат овие квалификации и нурнуваат во колективната (пот)свест, донесувајќи на едноставната сцена бројни драмски вињети кои го отсликуваат нивното лично искуство во последните неколку години.“

Кон изведбата на „Антитело“ на затворањето на 39-тото издание на фестивалот Скомрахи (ноември, 2022 година).Колективно авторство, режија: Зоја Бузалковска, помошник на режија: Александар Степанулески. Играа: Анастасија Величковиќ, Леонардо Лазов, Виктор Мирчески, Ања Митиќ, Стефан Николовски, Нела Павловска, Сара Спиркоска и Лазар Христов. Иницијална недоверба и дилема околу тоа дали баш ова е вистинското место да се биде во моментот, па постепено „загревање“ кон останатите во просторот и градење заедничко разбирање дека сите искуства се еднакво вредни и важни за споделување,…

„Преку давање подлабок приказ на деменцијата, филмот исто така го соголува човекот и покажува колку ранлив вистински може да биде“.

Иако човечкиот ум е еден огромен нестабилен лавиринт, сепак постојат одредени компоненти кои помагаат при навигација и нè држат делумно синтетизирани. Едно од тие навигациски клопчиња се сеќавањата, а филмот „Татко“ (на култниот сценарист и тазе режисер Флоријан Зелер) се фокусира токму на нив и ги испитува преку перспективата на човек кој страда од деменција.Губењето на сеќавањата е честа тема во современиот филм - од „евтини“ психолошки крими трилери до „артхаус“ филмови како „Љубов“ од Ханеке. Зачестеноста на оваа тема…

„Монодрамите на фестивалот уште еднаш докажаа дека помалку е повеќе, па така минималистичките изведби во кои емоцијата е главниот двигател на дејството, беа тие што оставија најголема трага кај гледачите“.

ПРОЛОГ Замислете си мозаик со многу парчиња. Некои од нив се цврсти, издржливи и успешно го поминуваат тестот на времето. Но некои се оштетени и изронети и вистината е дека, во суштина, сите тие се кревки. Доволна е само една подлабока пукнатина за да се распадне целиот мозаик. Така е и за сите работи во животот. Телата се разболуваат, стареат и умираат. Чашите се кршат, уредите се расипуваат, луѓето се менуваат и убавите чувства избледуваат. Пандемии се појавуваат и исчезнуваат.…

„Ова е еден од ретките анимирани филмови во кои толку реалистично се претставени танцовите чекори и фигури“.

Да живееш значи да се бориш. Овие зборови отсекогаш биле неисцрплив извор на инспирација во уметноста. Особено во рамките на филмската индустрија се чини дека приказните кои ја обработуваат таа тематика секогаш ќе имаме прилика да ги проследиме на големото платно. Како една од поновите интерпретации се јавува „Балерина“ - детскиот авантуристички анимиран филм со дебитантна проекција во 2016 година. За разлика од Црн лебед (2010), меланхоличен игран филм за патот до успехот во балетскиот свет, „Балерина“ ја претставува посветлата…